„Влезе во училишниот двор и рече ‘рацете горе или легни, ќе пукам’“: Потресно сведоштво на храбрата Андријана, тешко ранета во масакрот на Урош Блажиќ

1383

Судењето на Урош Блажиќ за масакрот во селата Дубона и Мало Орашје продолжи денеска во Специјалниот суд во Белград со исказ на повредените и ранетите.

Пред судот сведочеше Андријана Митровиќ, која беше тешко ранета во масакрот.

“Јас и мојата пријателка таа вечер отидовме во Дубона, претходно бевме во Равни Гај. Бевме таму десет минути. Се слушаа истрели, не знаевме каде. Далибор Тодоровиќ праша кому му се родило дете. Не поминаа ниту пет минути, Урош го запре автомобилот, влезе во училишниот двор и рече: „Рацете горе или легнете, ќе пукам“. Далибор или Милан му рекоа да почека, но тој почна да пука. Јас потоа паднав и се преправав дека сум мртва, а потоа изгубив свест, не знам што се случи потоа се разбудив во амбулантата, кажа Митровиќ, која била застрелана во масакрот од зад грб.

Во судницата сведочеше и Јован Митровиќ, братот на убиениот млад човек Петар Митровиќ и братучед на убиениот Марко Митровиќ.

„Таа вечер околу 23 часот гледав некој натпревар и легнав да спијам. Во тој момент го слушнав татко ми како вика „брзо, го уби човекот“. Ја слушнав мајка ми како почна да вика. Се симнав мислејќи дека се работи за тепачка и и реков на мајка ми да не оди со нас. Кога стигнавме го прашав Дејан што се случило, а тој ми раскажа. Истрачв до петар. Лежеше покрај споменикот, главата му беше на земја, не можеше да се помрдне. Го ставивме Петар во автомобилот и возевме до болницата со 160 километри на час.

Потоа Јован се свртел кон Урош и неговиот татко Радиша.

„Радиша, зборуваш за некои чинови, медали, награди, дека си чесен човек. Си згрешил во најважната задача во животот, да воспитуваш деца. Ти го воспита овој мајмун да биде чудовиште. А, ти мајмуне, татко ти се ти овозможи се,  јас сум Јован Митровиќ, сети се на мене, ти ги уби моите двајца браќа!“ викал Јован во судницата, додека полицијата го изнесувала од судницата, пренесе Блиц.

Адвокатот Небојша Перовиќ рече дека „Блажиќ реагирал недолично кога му се обратил оштетениот Јован Митровиќ“.

-Имавме реакција на обвинетиот во смисла „важи, важи“, имаме ноншалантен психолошки однос на обвинетиот. Дали ќе продолжи таму каде што застана по казната? Судијата ги соопшти следните сведоци, лицата кои ги извадиле работите од имотот. Побарав да се слушнат и припадниците на Војската на Србија кои возеле камиони низ Дубона – рече Перовиќ.