Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ја игра најдобрата сезона во кариерата, во која има трипл-дабл со просечни 28,9 поени, 13 скока и 10,5 асистенции, но и покрај сето тоа нема да ја добие МВП наградата. Ова стана јасно откако новинарите веќе го известија и рекоа дека ќе гласаат за Шеј Гилџеш-Александер.
поради ваквиот став на новинарите, реагираше и тренерот на Нагетси и на сите уште еднаш им објасни каков лидер е Никола и што прави на теренот. Мелоун раскажа и една ситуација која се случила на мечот против Оклахома, кој Нагетси го добија со 140:127.
Јокиќ на тој меч постигна 35 поени заедно со 18 скока и 8 асистенции, а тренерот истакна уште една работа која се случила при еден тајмаут.
- Дојдов до играчите и Никола држеше табла во раце, разговараше со момците за играње зонска одбрана, им велеше „Еј, ајде да го направиме ова“. Кога ќе го добиете тоа од Јокиќ, тогаш добивате сè. Лидер, глас и сопственост над тимот, порача Мелоун.
A glimpse into one of the Nuggets huddles tonight. Jokić takes the whiteboard and talks with his teammates. This is just a little clip of it, but this is leadership. pic.twitter.com/kBc8qm6aJd
— Katy Winge (@katywinge) March 4, 2023
Јокиќ е свесен и дека се ближи плејофот, дека е во тек завршниот дел од сезоната и се обидува да ги подготви соиграчите за тоа што ги очекува. Посебно што и тој нема вистинска заштита од судиите и покрај тоа што е трикратен МВП на НБА лигата.
Тренерот на Денвер зборуваше и за трката за МВП и се обиде на сите да им објасни зошто Јокиќ ја заслужува четвртата награда иако е горе-долу сигурно дека таа ќе замине во рацете на Александер.
- Мислам дека ова е неговата најдобра сезона. Ќе се зборува за трката за МВП, се разбира, и морам да кажам ако Шеј ја освои наградата, и тој го заслужува тоа бидејќи е исклучителен играч, започна Мелоун.
Потоа објасни зошто верува дека Никола треба да ја освои наградата.
- Мојата порака е следна: Ако не знаете дека Јокиќ освои три МВП награди и ја ставите нивната статистика на хартија, наречете ги Играч А и Играч Б… Па, тој човек има трипл-дабл просек, тој е најдобар во три статистички категории во целата лига, така што никој не ја освоил наградата во десет од десет. Ако така не мислите, тогаш зборувате глупости, заклучи Мелоун.