Влатко Тасевски, сегашниот директор на репрезентациите ќе биде нов ВД. генерален секретар на РФМ. Тој ќе треба да ја извршува функцијата до изборот на новиот кој треба да биде избран по пат на конкурс.

УО на РФМ на својата прва седница донесе повеќе одлуки, поврзани со изборите на дел од комисиите.

На актуелниот генерален секретра Филип Милошевски, неделава му завршува мандатот. Тој ја извршуваше оваа функција од 2013 година.

На Управниот одбор се избраа и новите директори на комисиите. Арбитражната комисија ќе ја води и избере Борко Бајалски, Методи Весански е за Регистрациската комисија, Дисциплинската комисија ќе ја води Среќко Георгиевски, Комисијата за лиценцирање е за Горан Милошевски.

Фото: П.Стојановски

ИЗДВОЕНИ