Властите на Азербејџан ја прекинаа работата на „Би-Би-Си на азербејџански

73
Фото:принтскрин

Властите во Азербејџан ја прекинаа работата на Би-Би-Си во земјата.

Би-Би-Си „неволно“ одлучи да го затвори своето биро во главниот град Баку, по усни инструкции од Форин Офисот.

„Длабоко жалиме за овој рестриктивен потег против слободата на медиумите“, соопшти „Би-Би-Си“.

Азербејџанските медиуми објавија дека властите се обидуваат да го намалат бројот на вработени во „Би-Би-Си“ на само еден.

Новинарите ги прекинаа своите активности додека чекаат понатамошни чекори, вели „Би-Би-Си“.

Сепак, тие остануваат посветени на известувањето на нивниот мајчин јазик.

„Длабоко жалиме за овој рестриктивен потег, кој ќе го попречи нашето известување за публиката во Азербејџан и пошироко“, се вели во соопштението на „Би-Би-Си“.

Корпорацијата досега нема добиено никакво писмено известување од азербејџанските власти.

Азербејџанското Министерство за надворешни работи не одговори на прашањата на новинарите на „Би-Би-Си“.

„Би-Би-СиАзербејџан“ има публика од околу еден милион луѓе неделно.

Работи во Азербејџан од 1994 година, прво како радио станица, а сега и на дигитални платформи, обезбедувајќи непристрасно известување.

ИЗДВОЕНИ