Ѓорѓи Михаилов, Андреј Јосифовски, Владимир Кироски и Борче Груевски, се четворица од петтмината членови на Комисијата на Агенцијата за пошти за кои од Владата му предлагаат на Собранието да ги разреши. На петтиот член, Суад Бајрами мандатот му истекол на 15 јануари годинава.

Во Законот за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги се предвидени услови за разрешување на членовите на Комисијата доколку „членовите не ги постигнуваат очекуваните цели, приоритети и резултати“.

Во Годишниот извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2024 година е констатирано е дека Агенцијата за пошти минатата година не ги реализирала активностите за подобрување на квалитетот на услугите и сузбивање на нелојалната конкуренција.

Четворицата членови за кои се бара разрешување се избрани од претходната владејачка гарнитура. Тројца од нив продолжување на мандатот добиле во 2022 година, со што им останувале уште три години од мандатот како членови на Комисијата. Еден од члновите кои се разрешуваат го добил мандатот во 2023 година и имал уште четири години. Според закон, членовите на комисијата добиваат мандат од пет години, и имаат право на два последователни мандати.

ИЗДВОЕНИ