Од ССМ по едно и полчасовниот состанок во Владата изјавија дека продолжува да се разговара за растот на платите. Од Владата било истакнато дека моментално не се против зголемувањето на минималната плата. Денеска се очекува да се одржи состанок на Комисијата за утврдување на репрезентативност.
– Другите два синдикати, кои учествуваа на состанокот, бараат да се укинат одредбите од Општиот колективен договор во процесот на растот на платите на вработените во јавниот сектор – обелодени претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, и потенцира дека е важно што „Владата не рекла не, не може и нема да зголемуваме плати“
Владата и Сојузот на синдикати на Македонија ги доближија ставовите за многу прашања. Од ССМ по едно и полчасовниот состанок во Владата изјавија дека продолжува да се разговара за растот на платите. Од Владата било истакнато дека моментално не се против зголемувањето на минималната плата. Денеска се очекува да се одржи состанок на Комисијата за утврдување на репрезентативност.
Според претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, тие ги истакнале барањата на работниците како што е растот на платите, и во приватниот и во јавниот сектор. Трендафилов нагласи и дека работодавачите во приватниот сектор се повлекле од процесот на преговори за зголемување на платите откако виделе дека Владата го напаѓа ССМ. Тој ги повика сите партии да дојдат во Работничкиот дом за да се разговара за растот на минималната и сите останати плати.
– Другите два синдикати, кои учествуваа на состанокот, бараат да се укинат одредбите од Општиот колективен договор во процесот на растот на платите на вработените во јавниот сектор, обелодени Трендафилов и потенцира дека е важно што „Владата не рекла не, не може и нема да зголемуваме плати, меѓутоа другите синдикати го рекоа тоа“.
– Владата кажа дека нема цел да направи штета на работниците и тоа е еден од посветлите моменти на денешниот состанок. Мислам дека за многу спорни прашања сме многу блиску, но, доколку се обидат да го нападнат ССМ преку другите синдикати или партиите, нема да се промени ситуација. Премиерот беше на целосната средба која траеше час и половина. Позитивен сигнал е што не седиме со некои советници, туку со претседател на Влада и министер за економија – додаде првиот синдикалец во државата.
Во изјава пред почетокот на состанокот пред Владата, Трендафилов посочи дека на состанокот ќе биде пренесена одлуката на ССМ дека доколку не се зголеми минималната плата и платите на сите работници и доколку за 12,6 отсто не се зголемат платите во јавниот сектор, ќе треба да живеат на минималец.
На последниот протестен марш, членовите на највисоките тела во ССМ пред Владата побараа повлекување на одлуката за зголемување на минималната плата за 1.800 денари и намалување на платите на избраните и именуваните лица на ниво на минимална плата.
Исто така, од ССМ побараа да запрат и нападите врз синдикатите.
Упатија предлог до премиерот Христијан Мицкоски заедно да ја земаат минималната плата од 500 евра, како и да се зголемат останатите плати за 100 евра.
А не се зголеми минималната плата, раководството на ССМ најавува генерален штрајк, а доколку не се зголемат платите на работниците, најавуваат протест.