Поранешниот американски ММА борец, Џеј Ди Пен, кој е двократен шампион на УФЦ и еден од најдобрите во историјата, е во пензија од 2019 година кога загуби од Клеј Гуида. Кариерата ја заврши со биланс од 16 победи, 14 порази и две нерешени. Тој имаше многу тежок крај на кариерата во која претрпе седум последователни порази, од кои двапати со нокаут.

Постоеше страв дека Пен ќе ги почувствува последиците од неговата тешка и крвава кариера години подоцна, а се чини дека токму тоа се случува. Во последните неколку дена тој на „Инстаграм“ споделува објави поради кои фановите се сомневаат дека боледува од некоја сериозна ментална болест или е целосно во заблуда поради некоја друга причина.

Последната и најбизарната епизода од неразбирливото однесување на Пен се случи пред неколку дена на „Инстаграм“. Имено, познатиот борец објави неколку видеа на „Инстаграм“ на кои изгледа дека не ја препознава ниту својата мајка Лорејн Шин. Набргу потоа ги избриша видеата од неговиот профил.

Според Пен, неговата вистинска мајка била убиена од американската влада, а жената на видеото е нејзин двојник, кој бил испратен да се претставува како негова мајка и да го измами.

  • Пол Абили (Карлос Ривеира) со поддршка на владата ги уби мајка ми и брат ми! Лајкнете го и споделете го ова бидејќи се обидуваат да ми одземат се од семејството. Оваа жена овде, погледнете ѝ ги задникот и нозете. Таа се однесува како мојата 79-годишна мајка, но не е мојата 79-годишна мајка. Таа се обидува да ни одземе се, таа не ми е мајка. Го објавувам ова затоа што таа се заканува дека ќе ангажира адвокат и ќе преземе нешто. Се обидува да ме исфрли од дома, а ако ја нападнам, ќе направи нешто. Ќе ме пријават и ќе добијат забрана за задржување или нешто слично, објави Пен.

Слично е и второто видео на кое тој ги означи полицајците и им кажува дека тоа не е неговата мајка. Како што пишува „MMA Junkie“, еден од најпознатите портали за ММА во светот, има многу слики и видеа од неговата мајка, а многу е очигледно дека се работи за истата жена како онаа во видеата на Пен.

Ова не е првпат Пен да привлекува внимание со своето однесување надвор од рингот. По кариерата имаше проблеми со законот. Возел под дејство на дрога и започнал голема тепачка во кафуле, а пред две години се кандидирал и за гувернер на Хаваи, но не победи.

ИЗДВОЕНИ