Влада: Студентите добиваат бесплатен јавен превоз

56

Студентите од јануари ќе добијат бесплатен јавен превоз. Обезбедени се средства за тоа и на 31 декември, на владината седница, ќе се гласа за продолжување на оваа мерка, ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски вчера за медиумите.

– Средствата се обезбедени во рамките на буџетот на Министерството за образование и наука за следната година и на редовната владина седница во вторник, на 31 декември, откако веќе се консултиравме со министерката, ќе донесеме одлука да се потпише договор за да може веднаш да му бидат префрлени тие средства на јавното сообраќано претпријатие, бидејќи сесијата започнува во јануари, да може студентите беспрекорно да го користат јавниот превоз – изјави премиерот Мицкоски.

За потсетување, студентите не можеа да си ги продолжат билетите за бесплатен превоз поради тоа што немаше донесено таква одлука, а топката постојано се префрлаше меѓу Град Скопје и Владата, кои се обвинуваа дека се должат пари.

Весникот ВЕЧЕР претходно пишуваше дека доколку навистина се укине бесплатниот јавен превоз трошоците на студентите ќе се зголемат за сума од приближно еден студентски оброк која сега им следува.