„Вкусовите на Гази Баба“ на плоштадот во Автокоманда

75

В петок и сабота, со почеток во 19:30 часот, на плоштадот во Автокоманда ќе се одржи најдобрата забава во Скопје.

Станува збор за манифестацијата „Вкусовите на Гази Баба“ во рамките на која е предвидена музичка програма составена од различни музички жанрови за сите генерации.

На 04.10. 2024 година (петок) ќе настапат: Гоце Пејковски, Бојана Скендеровски, ДНК и „Амадеус бенд“, додека в сабота на 05.10.2024 година присутните ќе ги забавуваат: Таско, Огнен Здравковски и балканската ѕвезда, Хари Мата Хари.