„Вкуси го југот“ в петок во Гевгелија

52

На паркингот пред градскиот пазар во Гевгелија в петок започнува фестивалот на храна и пијалоци „Taste the south – Вкуси го југот“.

Од Општина Гевгелија информираат дека и годинава, покрај презентацијата на домашна храна, пијалоци и ракотворби, фестивалот нуди тридневна богата култуно-уметничка програма со настапи на домашните ументници, како од Гевгелија, така и од другите градови во Македонија.

Програмата ќе ја отворат КУД „Танец“ од Миравци, настапувајќи со традиционални игри од својот репертоар, со почеток во 19:00 часот. Во 19:45 часот, гевгеличани, како и другите гости ќе ги забавуваат локалното трио „Хитс“, во состав на Момчило, Слободан и Марија. Фестивалџиите ги очекува и настапот на Дац и Александар, во 20:45 часот. Атмосферата ќе ја подигне и Дејан Малзарков со своето stand-up шоу „Диверзија“, а неговиот настап ќе започне во 22:00 часот. По него, гевгелиската и македонска рок-група „Зијан“ ќе ги запеат своите музички хитови, со почеток во 22:15 часот. За крајот, следи настапот на Ивица Стојановски- Фиц, некогашниот вокал и гитарист на скопската поп атракција од 90-тите „Студени нозе“, заедно со својот бенд „Фиц енд Д’инвизиблс“, со почеток во 23:45 часот.