Ако сакате или пак сте приморани да јадете само еднаш во денот, тогаш ви предлагаме совршен рецепт за ручек кој ќе ве држи сити во текот на целиот ден. Спојот на вкусови ќе ги задоволи вашите сетила, јадењето е издашно, па нема ни да почувствувате потреба за дополнителен оброк за вечера.
Состојки:
500 гр телешко месо
250 гр ориз
2 црвен кромид
2 моркови
2 чешниња лук
2 домати
2 пиперки
1 модар патлиџан
5 кисели краставички
маслиново масло
мелена пиперка
сол и бибер по вкус
Подготовка:
Измијте го, излупете го и исечкајте го зеленчукот на големи и мали парчиња, во зависност од видот на зеленчукот. Телешкото кратко продинстајте го на маслиново масло, па додајте ги зачините. Додадете сецкан зеленчук (освен кисели краставички) и пржете заедно со месото. Додадете го оризот, па покријте сè со вода. Гответе додека оризот не омекне. Кога рижото е готово, додадете ги сечканите кисели краставички и сè убаво измешајте. Послужете топло.