ВКЛУЧЕН АЛАРМОТ: Македонија во портокалово ниво за опасност од високи температури

104

Следува период на многу топло време со натпросечни температури, предупреду Управата за хидрометеоролошки работи за временската прогноза за следните неколку дена.

Од денес до недела нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината, информираше Управата за хидрометеоролошки работи.

Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.

Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската, Полошката, Котлината, Пелагонија, и Овче Поле портокалово ниво на високата температура. Поради натамошен пораст на температурите од четврток натаму ќе биде активно портокалово ниво.

Владата на барање на Министерството за здравство, вчера одржа вонредна седница, поради најавите за топлотен бран во државата и донесе соодветни препораки.