Со приближувањето на велигденските празници, авиокомпанијата „Визер“ ги повикува патниците да го стават своето здравје и благосостојба на прво место пред да полетаат.

Со речиси 4.000 летови закажани за велигденскиот викенд, „Визер“ ја започнува новата кампања „Медицинска свест“, со цел да се осигури дека патниците се здрави и подготвени за лет, и да уживаат во безбедно и удобно патување. Оттаму велат дека во последниве години, медицинските итни случаи во текот на летовите стануваат сè почести и тоа е предизвик за целата авијациска индустрија.

– Оваа иницијатива нуди корисни совети и потсетници за патниците – особено за оние со постојни здравствени состојби, бремени жени и лица што закрепнуваат од медицински процедури. Со подигање на свеста уште сега, пред велигденскиот пик, можеме да помогнеме во спречување на непотребни здравствени ситуации на лет и да се осигуриме дека секој ќе биде подготвен и ќе стигне на време за да ги помине празниците со своите најблиски – изјави Горан Најдоски, амбасадор на „Визер“.

Од компанијата ги советуваат патниците кои неодамна имале операција или за  бремените жени, по 28. недела на бременоста, дека е потребно да понесат уверение за лет. Исто така, советуваат основните лекови и патни документи да ги чуваат во рачниот багаж, за да им бидат лесно достапни.

– Носете широка, лесна облека и размислете за компресивни чорапи за да се намали ризикот од проблеми со циркулацијата, особено при подолги летови. Пијте вода редовно и шетајте низ кабината кога е можно за да спречите длабока венска тромбоза. Користете аларм на мобилен телефон ако е потребно да ве информира за користење на редовната терапија, особено кога патувате низ различни временски зони. Ако имате настинка или кивавица, носете заштитна маска од почит кон другите патници и понесете маска за очи, перниче за врат или слушалки за намалување на бучавата за подобра релаксација – се дел од советите до патниците.

Оттаму потсетуваат дека екипажот на „Визер“ е обучен за постапување во случај на медицинска итна состојба за време на лет.

ИЗДВОЕНИ