„Визер“ ја укинува скапата тарифа за телефонска поддршка на корисниците

37

Авиокомпанијата воведе промени за да им го олесни пристапот на патниците до помош и поддршка, како дел од својата посветеност за обезбедување беспрекорно искуство за корисниците.

„Визер“, еколошки најодржливата авиокомпанија во регионот на ЕМЕА*, денес објави важно ажурирање на опциите за поддршка на корисниците, продолжувајќи да ја подобрува понудата за услуги за корисниците.

Денеска, 21 јануари, авиокомпанијата ја укина својата линија за повици со висока тарифа, осигурувајќи се дека никому од корисниците нема да му биде наплатено со тарифи за премиум повици. Корисниците од Северна Македонија можат да го посетат новиот центар за помош на „Визер“ за повеќе информации за најдобриот број за контакт, при што ќе бидат применети локалните тарифи.

За најбрз и најлесен пристап до помош и поддршка, „Визер“ им препорачува на патниците да ја користат онлајн платформата self-service, која е достапна преку  веб-страницата на „Визер“ или преку мобилната апликација. Оттука, корисниците можат да управуваат со своите резервации, да добиваат информации за своите летови, да прават промени, да бараат поврат на средствата или да решаваат проблеми поврзани со доцнењата или откажувањата.

Корисниците можат да побараат 24/7 информации за резервациите, статусот на летовите, багажот и за услугите на WIZZ преку онлајн чет-ботот на авиокомпанијата, Amelia. За посложени прашања, достапни се и агенти за разговор во живо, кои, исто така, нудат помош 24/7, на англиски.

Корисничката поддршка останува важен аспект на инвестиција за авиокомпанијата „Визер“, која постојано развива иновации за да го подобри искуството што им го нуди на патниците. Минатата година, „Визер“ ја воведе услугата Amelia Voice Service, која им овозможува на корисниците автоматизирани известувања за резервациите, обезбедувајќи суштински информации и насоки во случај на какви било нарушувања на летот.

Boglarka Spak, раководител за корисничко искуство во „Визер“, изјави: „Ние сме посветени на обезбедувањетото на најдоброто можно патничко искуство за нашите корисници. Корисничката поддршка е во фокусот на авиокомпанијата. Оваа објава е само еден пример за подобрувањата што ги правиме во оваа област. Продолжуваме да инвестираме во иновации за да се осигуриме дека можеме да ги исполниме очекувањата на нашите корисници низ светот.“

ИЗДВОЕНИ