Американецот Тим Кинг од државата Илиноис неодамна, додека ја реновирал својата куќа, пронашол подарок што му бил наменет за Божиќ пред 46 години, објавија денеска американските медиуми.
Подарокот се наоѓал зад преградниот ѕид во бањата, а бил завиткан во хартија со ликовите на Дизни, пишува New York Post.
Кинг објави видео за необичното откритие на подарокот, кое се случило неколку дена пред овој Божиќ, додека им помагал на родителите да ја реновираат куќата.
View this post on Instagram
Видеото објавено на Инстаграм на 27 декември собра 37.000 лајкови, на кое се гледа како Кинг, кој сега има 53 години, го одвиткува подарокот – комплет за авиони за играчки од 1970-тите.
View this post on Instagram
Кинг рече дека верува дека подарокот бил купен во 1978 година, кога имал шест години, и дека неговите родители го сокриле на таванот, каде што паднал зад преградата на бањата.