Вистинската зима пристигна во дел од Европа: Експлозија на студен воздух тргна од Британија

138

Експлозија на студен воздух од Арктикот ја погоди Велика Британија во вторникот и создаде сообраќаен хаос на првиот ден – возачите низ целата земја останаа заглавени на патиштата, а возовите беа откажани.

Вистинската зима пристигна, пишува Дејли Мејл, бидејќи температурите достигнаа -11,2 степени.

Проблеми во сообраќајот беа пријавени во поголемите градови, особено во Лидс. Националната метеоролошка служба издаде предупредување за тешки временски услови за снег и мраз. Во текот на ноќта рекордни температури се забележани во шкотската населба Браемар со -11,2 степени Целзиусови и во Тулох Бриџ каде што беше -10,7 степени.

ИЗДВОЕНИ