Тајната на овој пијалок е во тоа што бананата содржи голема количина на магнезиум, кој благотворно делува на нервниот систем: опушта, го елиминира стресот и го подобрува сонот.
Бананата не е само извор на енергија, туку и ризница на бројни хранливи материи, како што е калиумот, кој е важен за тонусот на мускулите, како и за срцевиот мускул. Друг минерал, фосфорот, ќе му помогне на телото полесно да ги вари јаглехидратите.
Ви треба:
1 банана
1 литар вода
малку цимет
Подготовка:
Сварете ја водата, а потоа додадете ја бананата со кората чии врвови се исечени (добро измијте ја пред тоа). Оставете го да се готви околу 10 минути.
Процедете ја водата и истурете ја во шолја, а потоа додадете малку цимет.
Овој напиток испијте го еден час пред спиење, а наутро ќе се разбудите полни со енергија.