Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер, во инфаркт натпревар славеше над Динамо Букурешт со 25:24, во 12.коло на Лигата на шампионите. Најзаслужен за победата беше голманот Никола Митревски, кој мечот го заврши со 16. одбрани, меѓу кои и последната кога во самиот финишот од мечот го запре ударот на Али Зејн и му ја донесе победата на тимот од Битола.
„Најслатко е кога ќе одбраниш одлучувачки удар, но сите одбрани се битни. Одигравме пожртвувано и горд сум на сите играчи, стручниот штаб, публиката…повторно имавме феноменална поддршка како и секогаш“, кажа Митревски по натпреварот.
Ракометарите на македонскиот шампион добија честитки и од тренерот Раул Алонсо и потенцира дека секој играч во колективот е важен за овој успех.
„Сакам да им честитам на играчите за фанастичниот меч. Игравме против многу добар тим кој исто така проба се за да го добие овој меч. Ми се допадна како победивме и како тоа го направивме за да славиме во оваа голема борба. Знаевме дека мечот ќе биде многу тежок, но останавме заедно обединети до крајот, баравме решенија кога нештата не одеа баш најдобро, имавме шанси и да избегаме на повисока предност, па мислам дека заслужено ги освоивме бодовите. Можеби имавме и малку среќа на крајот, ама победивме. Јас сум многу среќен затоа што успеавме да победиме пред нашата публика“, изјави Раул Алонсо.
Битолчани во инфаркт натпревар славеа над Динамо Букурешт со 25:24, но пак доби лоши вести, кога во прашање е борбата место во плеј-оф во Лигата на шампионите. Директниот конкурент за место во следната рунда, Висла Плок, направи нова сензација и дома го победи Фуксе Берлин со 32:27 и го остави македонскиот шампион на седмото место во групата кое не води во осминафиналето |
Но Еурофарм Пелистер пак доби лоши вести, кога во прашање е борбата место во плеј-оф во Лигата на шампионите. Директниот конкурент за место во следната рунда, Висла Плок, направи нова сензација и дома го победи Фуксе Берлин со 32:27. По победата над ПСЖ, полскиот тим направи уште еден подвиг и ја направи пеколно тешка борбата за следна фаза на битолчани. За да останат во игра за следна рунда, полскиот тим ќе мора прво да го победат Динамо Букурешт на гостински терен, а потоа да бараат резултати во последните две кола.
Во последните две кола од групната фаза, Висла Плок има полесен распоред. Во 13. коло гостува кај Динамо Букурешт, додека во последната рунда игра дома со Спортинг Лисабон. Еурофарм Пелистер, пак, гостува кај Фуксе Берлин и игра дома со ПСЖ.