Вишото обвинителство во Нови Сад ја објави документацијата за уривањето на настрешницата на железничката станица

62

Вишото обвинителство во Нови Сад соопшти дека вечерва на својата веб-страница ја објави целата достапна документација и информации собрани во текот на предистражната и истражната постапка во врска со уривањето на настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, како и други докази кои го поткрепуваат сомнежот за делата за кои се осомничени.

Врз основа на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавно значење и Законот за заштита на личните податоци, документацијата е достапна на јавноста, со исклучок на медицинската документација која вклучува фотографии, снимки и записи кои се однесуваат на починатиот и повредени, со оглед дека овде е поважен приватниот интерес на нивните семејства и на самите нив отколку интересот на јавноста да се знае.

Од Обвинителството посочуваат дека поради обемот на документацијата која во електронска форма изнесува стотици гигабајти компјутерски податоци, како и поради ограничувањата на расположливите капацитети на компјутерската мрежа, целата документација ќе се објавува во неколку последователни чекори, но без одложување.

Креденцијалите за преземање документи од страницата novisad.vjt.rs се: корисник: демо, лозинка: демо.

ИЗДВОЕНИ