Американскиот кошаркар Пери Џонс откри дека за малку ќе умрел од вирус кој му го нападнал мозокот, во време кога настапувал за тимот на Оклахома сити тандер.

  • Се разболев во мојата втора година во лигата и за малку ќе умрев. Беше лето и заминав на стоматолог каде и анестезијата не ми помогна, а добил многу инјекции. Отидов на тренинг и добив удар со лакт, но два дена подоцна имав страшна болка. Устата ми се намалуваше секој ден и јадев со сламка со денови. По една недела повторно ме мачеше истиот проблем, многу ме болеше устата и не можев да отворам уста, не можам ништо да направам. Ме однесоа во болница, направивме снимки и додека чекав во чекалната, по само пет минути цел тим од доктори ми велат да се подготвам за итна операција, изјави Пери Џонс.

Работата била доста сериозна.

  • Имав вирус кој ми се рашири низ душникот и ми отиде директно во мозокот. Можев да добијам мозочен удар или целосен шок кој можеше да ќе ме убие. Така ми објаснија лекарите. Кога се разбудив, ја видов мајка ми како плаче. Моите пријатели плачеа… Седев во кревет и гледав телевизија поради забоболката. Бев во болница и се борев за живот. За малку ќе умрев, беше навистина лошо, додаде Американецот.

Крилниот кошаркар е поранешен студент на Универзитетот Бејлор и беше избран од Оклахома во првата рунда на драфтот во 2012 година, а за нив играше до 2015 година. Потоа се пресели во Европа каде го носеше дресот на Бурса, Химки, Сент Оливер…