
Поголемиот дел од британските медиуми немаат дилема дека актуелниот шампион, тимот на Манчестер Сити, ќе излези како победник во трката по потписот на најдобриот фудбалер во дресот на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен, Флоријан Вирц. Офанзивниот играч за врска е проценет на 120 мил. евра, а челниците на Сити во него гледаат идеален наследник на Кевин де Бруин.