Винсент Касел стана татко по четврти пат, доби син со 29 години помладата манекенка

34
EPA-EFE/ANDRE PAIN

Францускиот актер Винсент Касел (58) откри дека го добил четвртото дете, прво со сегашната девојка, манекенката Нара Баптиста, која е 29 години помлада од него.

Тој ја објави радосната вест на својот Инстаграм профил, откривајќи го полот на бебето, името што го избрале и кога се родило детето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VEENTZ (@vincentcassel)

„Погодете кој е роден на 7 јануари 2025 година? Веќе паметен, здрав, полн со љубов и поезија. Најдоброто момче досега“, напиша актерот покрај објавата, додека на фотографијата пишува дека момчето го добило името Каетано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VEENTZ (@vincentcassel)

Двојката ја прослави својата прва годишнина пред еден месец.

57-годишниот актер се раздели од сопругата, 27-годишната манекенка Тина Кунаки, на почетокот на 2023 година, а со Нара се зближи откако се допишувале на Инстаграм и почнале да го поминуваат времето заедно во Рио.

Нара е родена во Бразил, а на 18-годишна возраст се преселила во Квинсленд, Австралија. Во 2020 година, таа беше финалистка на австралискиот натпревар за Мис Универзум. После тоа потпишала договор со модна агенција во Бризбејн, а потоа се преселила во Бразил.

Винсент Касел има две ќерки од првиот брак со актерката Моника Белучи, 14-годишната Леони и 20-годишната Дева Касел.

ИЗДВОЕНИ