EPA-EFE/CATI CLADERA

Бразилскиот дефанзивец Абнер Винисиус е нов играч на Лион, објави францускиот клуб.

Лион откри дека Бразилецот кој во Франција пристигнува од шпански Бетис потпишал петгодишен договор вреден осум милиони евра.

Абнер Винисиус ја започна својата кариера во Понте Прета пред да се пресели во Атлетико Параненсе, а во јануари 2023 година се пресели во шпански Бетис.

Играше за олимпискиот тим на Бразил, со кој пред три години го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио.