Вини даде одговор на понудата од Саудиска Арабија

71
epa11869188 Real Madrid's Vinicius Junior gestures after his goal with disallowed during the Spanish LaLiga soccer match between RCD Espanyol and Real Madrid, in Cornella El Prat, Catalonia, Spain, 01 February 2025. EPA-EFE/Siu Wu

Во минатото клубовите во Европа исклучиво работеа меѓу себе и најголемите трансфери ги видовме главно во рамките на „лига пет“, а потоа пристигнаа богатите Арапи кои почнаа да „дивеат“ со цените. Меѓу „жртвите“ е и Кристијано Роналдо, кој на крајот на 2022 година го напушти Манчестер и се пресели во Саудиска Арабија.

Следеа масовни трансакции, многу ѕвезди ги напуштаат најсилните европски тимови и заминуваат на Блискиот Исток. Сега Арапите се решени да привлечат уште една огромна ѕвезда и своето внинание го насочија кон бразилскиот интернационалец од редовите на Реал (М), Винисиус Јуниор.

Не се знае дали Реал веќе добил официјална понуда, но неформалните извори велат дека Флорентино Перез е добро запознаен со целата ситуација и е свесен дека се работи за цифра која надминува милијарда евра. Најголем дел од парите би одел кај играчот, а „кралскиот клуб“ би добил дури 400 милиони евра!

Со ова би бил срушен светскиот рекорд поставен во 2017 година кога ПСЖ плати 222 милиони евра за Неимар. Сепак, Вини има само 24 години, рано е да се напушти големата фудбалска сцена и Реал, но повикот на парите понекогаш е невозможно да се игнорира.

Клупската телевизија сними кратки видеа со Винисиус Јуниор за да го прослави фактот дека Бразилецот постигна повеќе од 100 гола во дресот на актуелниот европски клупски шампион.

„Многу ми е важно што постигнав 100 гола и напишав историја во овој клуб. Да се биде во можност такво нешто да се постигне и тоа на 24-годишна возраст, по седум сезони овде, е нешто неверојатно важно за мене и за целото мое семејство“. изјави Винисиус, додавајќи дека сака да го носи „кралскиот дрес“ долго време:

„Се надевам дека ќе можам да останам тука уште многу години. Тоа е нешто што не можам да го опишам бидејќи само 23 играчи постигнале толку голови, а меѓу нив е и мојот идол, Роналдо Назарио, кој секогаш ми даваше многу совети како да се подобрам пред голот и како подобро да шутирам“.

“Кристијано исто така припаѓа во таа група – ова се играчите кои имав можност да ги гледам и кои напишаа историја во овој клуб. Се надевам дека ќе можам да тргнам по нивните стапки. Кристијано постигна 451 гол, повеќе отколку што играше, а јас имав можност да ги гледам скоро сите негови голови затоа што го следев уште од дете“.

 

 

ИЗДВОЕНИ