Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски заврши на подиумот на втората трка во Валенсија, во рамките на ТЦР Европа шампионатот, откако успеа да заврши на третото место, зад првопласираниот Џими Каирет и зад второпласираниот Рубен Волт.

На првата трка возена во саботата, Давидовски заврши на осмото место. Севкупно, тој е на деветтата позиција во шампионатот ТЦР Европа со 178 бода, а лидер е Аргентинецот Франко Џиролами со 395 бода.