Викендот дождлив! Еве какво време не очекува следната седмица?

129

За време на викендот нè очекува променливо облачно време. Утре ќе има услови за слаб локален дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во недела утринските температури ќе се движат во интервал од -1 до 9 степени, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Во текот на следната работна седмица ќе преовладува стабилно и тивко време со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нула. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.