„Вие сте ѓубре!“ Медведев направи скандал – брутално го навреди судија на турнирот во Ротердам

74

Жесток испад на темпераментниот руски тенисер Даниил Медведев беше виден на  турнирот во Ротердам. Медведев по пресврт го совлада искусниот Стен Вавринка на стартот од турнирот во Ротердам, а мечот го одбележа шокантна расправија меѓу рускиот тенисер и судијата.

Судијата го казни Медведев за пречекорување на временскиот рок, поради што славниот тенисер ја загуби контролата и упати жестоки критика кон судијата.

“Зошто ме казнуваш? Ти имаш проблем. Девојчето не ми ги даде топчињата. Види? Отвори ги очите. Немаш очи човече. Толку си лош. Се сеќавам и на Карен Хачанов. Се сеќавам од тогаш дека немаш очи, ти си апсолутно ѓубре на секој натпревар.“ – беснееше Медведев.

Тој не застана тука:

“Бев мирен, но бараш неволја. Имаш големи проблеми. Не сум разговарал со тебе, не кажувам ништо и тогаш се однесуваш вака. Отвори ги очите, мозокот. Само си седи таму, но размисли малку, дај ми малку енергија“, рече Медведев.

 

 

ИЗДВОЕНИ