Видео за сите југоносталгичари: Немаше многу, но душата беше полна!

106

Филип Филковиќ, попознат по прекарот Филац, хрватски филмски режисер и уметник, на својот Инстаграм профил објави многу носталгично видео и собра многу коментари.

Тој со помош на вештачка интелигенција направи видео кое многумина ги врати во детството и растењето во Југославија. Целото видео е сместено во зимската сезона – луѓето шетаат во капути, трамвај се пробива низ снегот, а рекламите на Вартекс, Борово и Краш трепкаат низ ноќта.

Заедно со спотот, на објавата свири и песната „Паѓа снег“ од Вишна Корбар“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Filip Filkovic Philatz (@philatz)

Објавата доби многу убави и носталгични коментари.

„Нема меилови, нема Инстаграм. Треба да и напишеш песна на девојка за да ја фатиш. Ќе се истепаат, а утре повторно играат топка со истиот лик. Се чека ред за да се добие линија на домашен телефон. Во 4 ручек, вести, цртани и спиење. Едноставно, темно, полно со железо. Немаше многу, но душата беше полна“, напиша еден следбеник.

ИЗДВОЕНИ