Неверојатни сцени беа видени синоќа на крајот од натпреварот помеѓу Валенсија и Реал (М). Контроверзниот крилен напаѓач на „кралскиот клуб“, Винисиус Јуниор, повторно е одговорен за се.
Бразилецот успеа да предизвика нов хаос на „Местаља“, стадион на кој никогаш не беше популарна личност поради своето арогантно однесување.
При резултат 1:0 за домашните, ѕвездата на Реал (М) предизвика голем скандал. Вини беше испровоциран од голманот на домашната екипа, репрезентативецот на Македонија, Столе Димитриевски, и без реална причина ја направи најглупавата работа во сезоната.
Напаѓачот на Реал го удри Македонецот во глава, а судијата Цезар Сото Градо не го виде инцидентот, но следеше повик од ВАР собата, а за Бразилецот немаше спас.
Директен црвен картон доби најдобриот светски играч според ФИФА, а потоа следуваше неговото ново лудило. Тој започна дополнителна пресметка со судијата, а скандалот од невидени размери го спречи Антонио Рудигер.
Сепак, Вини нема да се извлече само со суспензија од два натпревари по овој потег. Според правилата на Шпанската фудбалска федерација, неговото однесување може да му донесе суспензија од 12 натпревари.
„Согласно дисциплинските прописи на Шпанската фудбалска федерација, член 104, агресивното однесување на фудбалерите се казнува со суспензија од четири до 12 натпревари“, се вели во соопштението.