Видеа со волци и мечки како се движат во Скијачкиот центар „Попова Шапка“ кружат на Тик-Ток. Од НП „Шар Планина“ велат дека се снимени во националниот парк, иако пределот наликува на Попова Шапка.

– Од спроведените теренски активности во 2024 година и податоци добиени во соработка со разни чинители, од камери и теренските патролирања, бројната состојба на двата споменати вида на цела територија на Националниот парк „Шар Планина“, е под оптималниот матичен фонд. Ги повикуваме граѓаните на смиреност со молба да не подлегнуваат на вакви и слични дезинформации – велат од НП „Шар Планина“.

(С.Бл.)

ИЗДВОЕНИ