Ветерот го запре поморскиот сообраќај во Грција, транспортот до многу острови е невозможен

27

Поморскиот сообраќај во многу пристаништа во Грција е во прекин поради силниот ветер.

Според грчката државна телевизија ЕРТ, поради силните ветрови на Егејското Море, воведена е забрана за пловидба во многу пристаништа меѓу кои Пиреја, Лаврио, Рафина, Волос и Кавала.

Поради забраната значително е прекинат поморскиот сообраќај низ целата земја, а транспортот до многу острови во моментов не е можен.

Според грчката метеоролошка служба, се проценува дека брзината на ветерот во регионот денеска ќе се зголеми до 10 бофори, што значи дека би можело да достигне ниво на ветрови со ураганска сила од 89 до 102 километри на час.