Ракометарите на Веспрем славеа во дербито на 1. коло во Лигата на шампионите, откако беа подобри на гости од Фуксе Берлин со 32:31. Унгарскиот тим губеше во најголемиот дел во првото полувреме, во два наврата и со пет разлика, но на пауза замина во егал (16:16). Во вториот дел, Веспрем поведе и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да дојде до израмнување на резултатот. Најзаслужен за оваа победа беше Ремили со 11 погодоци.
Победа во првото коло извојува и Динамо Букурешт над Федеричија (37:28), Пик Сегед беше подобар од Магдебург на домашен терен со 31:29, како и Киелце против РК Загреб со 30:23.