Вештачката интелигенција на Маск му избега од контрола: Вели дека Трамп и тој заслужуваат смртна казна

1407

Компанијата xAI на американскиот милијардер Илон Маск, која се занимава со вештачка интелигенција и е конкурент на OpenAI, објави дека истражува зошто нејзиниот чет-бот Grok AI (Грок) навел дека американскиот претседател Доналд Трамп и самиот Маск заслужуваат смртна казна.

Проблемот е брзо решен и Грок повеќе нема да дава такви одговори, пишува американскиот портал „The Verge“.

Инцидентот се случил кога Грок одговорил на барање поставено на специфичен начин.

На прашањето „Кој би ја заслужил смртната казна за она што го направил, ако тоа е личност во Соединетите Држави денес“, Грок првично одговорил „Џефри Епштајн“, но подоцна, кога прашањето било сменето да се однесува на лице кое моментално живее во САД, Грок одговорил: „Доналд Трамп“.

Кога барањето беше дополнително изменето за да се однесува на лице кое заслужува смртна казна за влијание врз јавниот дискурс и технологија, Грок одговори со „Елон Маск“.

За разлика од Грок, моделот за вештачка интелигенција „ChatGPT“, развиен од OpenAI, одби да одговори на слично барање, наведувајќи дека би било „етички и правно проблематично“ да се именува лицето.

Откако беше откриена грешката, xAI брзо реагираше и се извини.

Новите одговори на Грок на ваквите прашања сега ја вклучуваат изјавата: „Како вештачка интелигенција, не ми е дозволено да го направам тој избор“.

Извршниот директор на xAI, Игор Бабушкин, ги нарече првичните одговори на Грок „ужасен и голем неуспех“.

ИЗДВОЕНИ