Вештачката интелигенција може да го удвои човечкиот животен век

66

Вештачката интелигенција може да го удвои човечкиот животен век, изјави денеска во Давос Дарио Амодеи, извршен директор на Антропик.

Зборувајќи за Блумберг, Амодеи рече дека тврдењето можеби звучи „екстремно“, но дека како некој кој претходно работел во биологијата, тој верува дека тоа е остварливо.

Според неговото мислење, можно е системите за вештачка интелигенција да ги надминат луѓето во речиси сите активности за две до три години.

Во Давос, Амодеи претстави визија од неговиот октомвриски есеј „Machines of Loving Grace“ во кој „генијалците од центарот за податоци“ можат, со заеднички напори, да постигнат извонредни успеси и да помогнат во лекувањето на болести и решавање на други важни проблеми на човештвото.

Како што е наведено во есејот, вештачката интелигенција најмногу би можела да помогне во пет категории, и тоа биологија и физичко здравје, невронаука и ментално здравје, економски развој и сиромаштија, мир и управување и работа и нејзиното значење, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ