Вештачката интелигенција ги одзема работните места: Компаниите планираат да отпуштат работници

234

Голем број компании ширум светот, поточно 41 процент од анкетираните компании, планираат да отпуштат работници до 2030 година поради појавата на вештачката интелигенција (АИ), која ќе поедностави многу работни места, се вели во студијата објавена денеска од World Economic Forum.

Стотици големи компании учествуваа во истражувањето, а 77 отсто од анкетираните компании изјавија дека планираат да ги преквалификуваат и надградат своите вработени во периодот од 2025 до 2030 година за да ја подобрат нивната работа со помош на вештачката интелигенција, пренесува CNN.

Списокот на особено ранливи занимања вклучува поштенски работници, административни работници и графички дизајнери, се додава во извештајот.

Спротивно на тоа, вештините за вештачка интелигенција се повеќе се бараат, бидејќи речиси 70 отсто од компаниите рекоа дека планираат да ангажираат нови работници со вештини за дизајнирање алатки за вештачка интелигенција, а 62 отсто од фирмите сакаат вработени кои знаат како да користат вештачка интелигенција за да ги подобрат работните перформанси.

Во извештајот се наведува дека примарното влијание на технологиите како што е генеративната вештачка интелигенција на работните места може да лежи во нивниот потенцијал да ги подобрат човечките вештини преку „соработка меѓу човекот и машината“, наместо во целосната замена на луѓето со машини.

И покрај тоа, многу работници веќе се заменети со вештачка интелигенција.

 

ИЗДВОЕНИ