Вештачката интелигенција ја крева цената на бакарот

57

Глобалната побарувачка за бакар може да се зголеми за 72 отсто до 2050 година благодарение на развојот на вештачката интелигенција, покажа истражувањето на рударскиот гигант BHP.

Клучните двигатели на растот на цената на бакарот во иднина ќе бидат растот во земјите во развој, енергетската транзиција и центрите за податоци, според австралиската компанија.

Бакарот е клучен елемент за пренос на енергија и се користи во системите за ладење и процесорите во центрите за податоци, објави Financial Times.