Необична приказна доаѓа од Северна Каролина, каде столарот Џери Хикс нашол 20 долари на паркинг, а по неколку минути се збогатил. Наместо да троши пари за храна или гориво, тој влегол во првата продавница и купил лотарија „Extreme Cash“ , а тоа што се случило потоа му го променило животот од корен.

Излезе дека Хикс го купил добитниот тикет и освоил милион долари!

„Барав уште еден лоз во продавницата, но го немаа, па купив Extreme Cash“, откри тој за локалните медиуми.

По одбивањето на даноците му останале околу 429.000 долари (околу 398.000 евра). Тој рече дека парите ќе ги искористи за да им помогне на своите деца, но и да се пензионира како столар по 56 години работа, пренесува CNN.