Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, со една изјава повторно крена прашина во јавноста и привлече внимание за важноста на неговиот тимски колега.
Крајот на сезоната во Формула 1 донесе многу неизвесност кога е во прашање иднината на возачите, а меѓу нив е и Серхио Перез, чија позиција во Ред Бул стана предмет на многу дискусии.
Иако во текот на годината потпиша нов договор, шпекулациите за неговата иднина во тимот продолжуваат, додека како потенцијален наследник се споменува Лиам Лосон, што најави и првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер.
Резултатите на Перез не беа на нивото на кое Ред Бул очекува од возач во доминантен болид, поради што беше мета на остри критики од јавноста и медиумите. Сепак, неговиот тимски колега Макс Верстапен реши да застане во негова одбрана, нагласувајќи колку го цени Перез како возач и како личност.
- Отсекогаш добро соработував со Чеко. Тој е одлично момче и одличен возач. Луѓето беа премногу остри кон него и тоа не е фер. Тој не е идиот, изјави Верстапен.
Холанѓанецот истакна дека проблемите со болидот во текот на сезоната го погодиле целиот тим, вклучително и него.
- Сезоната беше тешка за сите нас. Понекогаш болидот беше неверојатно тежок за возење, а тоа влијаеше и на Чеко, додаде двократниот светски шампион.
Поради резултатите на Перез тимот на Ред Бул остана без титулата во генералниот пласман на конструктори, каде екипата заврши на третото место зад првопласираниот Мекларен и второпласираниот Ферари, иако имаа шампион кај возачкиот поредок.
Но, Перез во минатото имаше неколку паметни потези кои го чинеа Верстапен титула, а тоа не се заборава. Мексиканецот му донесе титула на Верстапен во 2021 година, кога на трката во Абу Даби го забави Луис Хамилтон, а тоа сè уште се смета за еден од најважните моменти во поновата историја на Формула 1.
- Понекогаш луѓето забораваат колку е потребно да се вози на ова високо ниво и што сето тоа подразбира. Дури и за мене понекогаш беше тешко, заклучи Верстапен.
Многу аналитичари сметаат дека Ред Бул не треба да избрзува со одлуката, со оглед на искуството на Перез и неговиот придонес во претходните сезони. Оваа одлука се заснова на приказната дека стабилноста на тимот е често клучот за континуирана доминација, а секоја промена може да донесе непредвидливи последици.