Макс Верстапен неодамна ја освои четвртата шампионска титула во Формула 1, но сега доаѓа шокантната вест дека би можел да го напушти тимот на Ред Бул! Сезонава Верстапен сепак имаше сериозни конкуренти за титулата, Ландо Норис, успеа да му се закани, а Мекларен ја презеде титулата кај конструкторите.
Сепак Холанѓанецот успеа да одолее на нападот на Норис иако имаше три месеци без победа, но триумфираше кога беше најпотребно – во Лас Вегас во ноември. Очигледно тоа го загрижи шампионот и сега размислува да си замине од тимот. Тој има договор до 2028 година, но Формула 1 експертот Марк Пристли не мисли го одработи целиот договор во тимот.
- Пазарот на возачи во моментов е комплициран затоа што сите чекаат да видат како се менуваат правилата од 2026 година. Треба да го изберете тимот што мислите дека ќе го направи најдобриот болид, а тоа би можело да биде некој како Вилијамс. Тешко е да се каже дали Макс Верстапен, ќе го гледаме во Мекларен, тие имаат двајца млади и перспективни возачи, но очекувањата на тимот е големи. Знам дека се подготвуваат да се натпреваруваат со најдобрите тимови и можеби тоа е можност за Верстапен, посочи Пристли.
Вилијамс веќе направи еден голем потег, па во 2025 година, покрај Алекс Албон, нивни возач ќе биде и Карлос Саинц. Во оваа сезона завршија како претпоследна екипа со само 17 освоени бода, беа подобри само од Заубер. Далеку пред нив беше Хонда со 46 бода, Хас имаше 58, Алпин 65 и Астон Мартин со 94, а да не ги спомнуваме Ред Бул, Ферари и Мекларен. Логан Сарџент и Франко Колапито возеа покрај Албон, но имаа многу мал успех.
- Макс Верстапен, исто така, би можел да се пензионира во следните неколку години. По години на постојани победи, само мала промена и отсуството на трофеи може да ве натера да изгубите интерес за спортот. Ако Верстапен го смени тимот и тоа оди добро, ако продолжи да победува, ќе остане во спортот, но ако победува помалку од вообичаеното, 100 отсто го гледам во пензија, додаде Пристли.