EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, треба да учествува во претсезонското шоу, кое ја најавува новата сезона, во Лондон во февруари, но се чини дека не знаел ништо за тоа.

Во „О2 арената“ се очекува да бидат присутни голем број ѕвезди и обожаватели на Ф1.

  • Што е тоа Ф1 75? Што е тоа? Се надевам дека ќе бидам болен таа недела – истакна Верстапен преку својот канал „Twitch“.

Од штабот за натпреварувањето најавија дека ќе бидат присутни сите 20-мина возачи, како и десетмина тимски шефови и специјални ѕвезди на вечерта.

Продажбата на билетите започнува в петок, а пуштени се вкупно 20.000 билети.

Инаку, настанот се одржува на само неколку дена пред почетокот на зимските тестови на 25-27 февруари, на патеката „Шакир“ во Бахреин.