Актуелниот четирикратен светски шампион, Макс Верстапен, проговори за соработката со Серхио Перез, кој на крајот од сезоната доби шут-карта од тимот на Ред бул.
Холанѓанецот го пофали својот поранешен клупски колега, кој го заменува Лијам Лосон.
- Да не беше Чеко, веројатно, немаше да ја освојам првата титула. Секогаш ќе му бидам благодарен за тоа – изјави Верстапен.
Она за што особено зборуваше Макс беа човечките квалитети што ги поседува Мексиканецот.
- Тој секогаш беше добро расположен, искрен. Прекрасна личност, не само клупски колега. Беше вистинско задоволство да се поминува време со него. Му посакувам многу среќа во остатокот од кариерата – заклучи Верстапен.
Сè уште не е познато во кој тим ќе ја продолжи кариерата и постои шанса во наредната сезона воопшто да не го гледаме на гридот.
Инаку, Верстапен беше прогласен за најдобар возач во Формула 1 за 2024 година, во изборот на неговите колеги. На второто место се најде Ландо Норис (Мекларен), додека трет е Шарл Леклер (Ферари).
Во гласањето учествуваа 17-мина пилоти – сите што се натпреваруваа во 2024 година, освен: Верстапен, Хамилтон, Серхио Перез, Џек Духан, Даниел Рикардо, Оливер Берман и Логан Сарџент. Оние што се натпреваруваат можеа да гласаат за себе, но, како што забележува веб-страницата на Ф1, многумина не се вклучија во првите 10-мина.