EPA-EFE/Jose Mendez

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, ја запиша својата 61. победа во кариерата, откако славеше на трката за Големата награда на Шпанија. Тој по трката изјави дека до победата дошол благодарение на добриот старт, кога ги мина ривалите.

  • Она што ја одлучи трката беше почетокот. Јас го презедов водството и после тоа можев да напредувам. После тоа морав да возам дефанзивно. Ландо (Норис) со својот Мекларен беше многу брз. Мислам дека направивме сè добро и сум среќен што победив овде, изјави Верстапен.

Второто место го зазеде возачот на Мекларен, Ландо Норис, кој стартуваше од пол-позицијата.

  • Требаше да победам. Имав лош старт. Болидот беше неверојатен денес. Бевме секако најбрзи. Само што загубив место на стартот. Разочаран сум, но има многу позитивни работи од оваа трка. Еден негативна работа уништи сè. Го знам тоа, истакна Норис.

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Мерцедес го зазеде третото место на подиумот.

  • Ова беше добар ден, одличен викенд. Морам да му се заблагодарам на тимот затоа што тренира толку напорно. Стратегијата и боксот беа точни. За жал, имав навистина лош старт и ја загубив позицијата од Ферари и тоа беше битка за враќање на позицијата, заврши Британецот.

Тимот на Ферари имаше солиден ден, откако Шарл Леклер заврши петти, додека Карлос Саинц – шести.

Следната трка во шампионатот се вози на 30 јуни во Австрија.