Четирикратниот шампион во Формула 1, Холанѓанецот Макс Веерстапен, стигна до својата прва победа оваа сезона пред двајцата возачи на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри. Возачот на Ред Бул успешно ја одбрани својата пол-позиција и без некои поголеми проблеми прв стигна до целта. Норис беше побавен само секунда и пол по Верстапен, а Пјастри беше веднаш зад својот тимски колега, но Мекларен во ниту еден момент не успеа да му се закани на Верстапен на патеката.
Така мисли и шпанска „Марка“, која во својот извештај вели: „Битката се водеше на стартот, што беше беспрекорно за Макс, и во боксот, каде Верстапен го одби нападот на Норис при враќањето на патеката и тоа безмилосно туркајќи го на тревата“.
- Остатокот од трката се сведе на неговиот RB21 кој остана напред, болид со кој никој друг не можеше ни блиску да заврши подобро од петтото место. Тоа е вредноста на четирикратниот шампион – тој ќе победи во три други различни болиди, додека другите не можат да го направат тоа, освен оние од Вокинг. Вистински ѕвер, додаваат од „Марка“.
Со оваа победа, актуелниот четирикратен светски шампион дојде на само еден бод од Ландо Норис, кој води во генералниот пласман.