„Веројатен обид за терористички напад“: Осумнаесетгодишник со нож упаднал во холандскиот парламент

114

Еден маж е приведен во Холандија откако влегол во зградата на холандскиот парламент вооружен со нож, соопшти денеска холандското обвинителство.

Забележано е дека 18-годишниот напаѓач од градот Нијмеген на југоисток, кој во четвртокот упадна во Претставничкиот дом на холандскиот парламент, „најверојатно планирал терористички напад“, јавува холандскиот јавен сервис НОС.

Тој е осомничен дека се заканувал на вработен во Претставничкиот дом и подготвувал убиство мотивирано од терористи, се додава во соопштението.

ИЗДВОЕНИ