Парада на технолошки милијардери му се придружи на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во понеделникот на церемонијата пред неговата инаугурација. Основачот на Амазон, Џеф Безос, шефот на Мета, Марк Цукерберг, шефот на Apple, Тим Кук и шефот на Google, Сундар Пичаи, беа видени во првите редови во Епископската црква.
Интересно видео го запали интернетот. Имено, Марк Цукерберг е снимен како гледа во свршеницата на еден од најбогатите луѓе и основач на Amazon, Џеф Безос. На социјалната мрежа „Х“ се појавија коментари дека гледа во нејзините гради, а на таа сметка веќе се прават разни „мемиња“.
Да потсетиме, за време на инаугурацијата на Доналд, вниманието на присутните го привлече длабокото деколте на Лорен Санчез, свршеницата на Џеф Безос. Откако го соблече палтото, под свечениот бел струкиран костум и се наѕираше бел градник од тантела, а многумина на социјалните мрежи се пошегуваа од оваа ситуација, коментирајќи дека биле шокирани што Санчез воопшто носела долна облека, но некои и коментираше дека инаугурацијата „не е ноќен клуб“.
Oops, I did it again! 😂
Zuckerberg taking a sneak peek at the … ehmm… wristwatch of Lauren Sanchez, Jeff Bezos’ fiancée.
— Muse (@xmuse_) January 20, 2025