Венс: Војната не може да трае во недоглед

88
EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Европа, САД и Украина не се во позиција да го продолжат конфликтот на неодредено време и затоа им е важно да разговараат, изјави американскиот потпретседател Џ.Д.Венс.

„Дојдовме до точка каде што ниту Европа, ниту САД, ниту Украинците не можат да ја продолжат оваа војна на неодредено време. Затоа е важно сите да дојдат на маса“, им рече Венс на новинарите.

Тој смета дека американско-украинскиот договор за ретки минерали се уште може да биде потпишан.

„Верувам во договорот за минерали и мислам дека претседателот се уште е посветен на договорот за минерали. Слушнавме некои позитивни работи, но, се разбира, сè уште го немаме потписот на нашите пријатели во Украина“, рече Ванс, пренесува Срна.

ИЗДВОЕНИ