Советникот Венко Крстевски е избран за вршител на должноста Градоначалник на Општина Кочани.
На денешната седница на Советот на Општина Кочани за Крстевски гласаа девет од присутните советници, додека еден советник беше воздржан.
Новиот градоначалник ќе ја води општината до локалните изборите во месец октомври, откако претходно по трагедијата во дискотеката „Пулс“, Љупчо Папазов си поднесе оставка.