Венко Филипче – единствен кандидат за претседател на СДСМ

159

СДСМ денеска соопшти дека актуелниот претседател, Венко Филипче, е единствен кандидат за партиски лидер на редовните внатрепартиски избори, кои ќе се одржат на 16 март 2025 година. Централната изборна комисија одржа седница за разгледување на поднесените кандидатури за претседател и за утврдување листа со кандидати за редовните внатрепартиски избори и врз основа на Статутот на СДСМ, како и врз основа на член 9 од Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, утврди единствена листа со потврдени кандидати, а тоа е Венко Филипче, соопштија од партијата. Велат дека ќе биде доставена одлуката и до сите општински изборни комисии.

– СДСМ е единствената партија во земјата во која членството избира претседател на директни внатрепартиски избори, што зборува за демократскиот капацитет и на партијата и на членовите – велат од партијата.

На претходните внатрепартиски избори, Филипче имаше неколкумина противкандидати: поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка, Славјанка Петровска; ексдиректорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски; поранешниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, како и Златко Ристовски, партиски активист од Битола.

 

ИЗДВОЕНИ