Велшанец сака да купи депонија и да пребара 1,4 милиони тони отпад во потрага по изгубен хард-диск со биткоини вредни 744 милиони евра

12124

Нема да застанам додека не ги вратам моите 744 милиони евра во биткоини, упорен е Џејмс Хауел, кому во 2013 година тогашната партнерка по грешка му го фрлила во ѓубре хард-дискот со големина на мобилен телефон, во кој се наоѓал неговиот крипто-паричник со 8.000 биткоини.

Цела деценија Хауелс, кој е од Њупорт, Велс, трага по своето богатство и вели дека сега тоа е негова работа од 9 до 17 часот и не планира да се откаже. Вредноста на биткоините, кои тогаш ги имал на хард-дискот со години растела, за денеска да вредат стотици милиони евра. Поради немарноста на партнерката, богатството завршило на депонија управувана од градот Њупорт, па најнова мисија на Хауел е да ја купи депонијата, откако Градскиот совет објави дека планира да ја затвори во фискалната 2025/26 година.  Тој за тоа е во прелиминарни преговори со инвеститори, меѓу кои и од Блискиот Исток  и од САД.

„Нема само да ми стават милиони фунти во џеб… но ако градскиот совет покаже подготвеност да ја продаде депонијата, средствата ќе бидат достапни“, рече тој за „Би-би-си“.

Но, градскиот совет не планира продажба на депонијата, а претходно долго време го одбивал барањето на Хауел да ја пребара со образложение дека не смее да се ископува поради еколошки ограничувања и дека таквиот потфат „ќе има огромно негативно еколошко влијание врз животната средина“. Исто така, градот Њупорт тврдел дека хард-дискот станал негова сопственост веднаш кога се нашол на депонијата, што Хауелс го оспорува затоа што бил фрлен без негова согласност. Тој вели дека ако ја купи депонијата, секој дел од неа ќе биде изваден и рециклиран, таа ќе биде исчистена и градот ќе нема трошок. Купувањето на депонијата е една од опциите на кои сега се потпира Хауелс, Втората е самостојно да почне нов случај пред Апелацискиот суд, користејќи вештачка интелигенција како помош.

Хауелс за Би-би-си изјави дека е задоволен од работата на неговиот правен тим за време досегашните судења во Високиот суд, но дека сега ќе се застапува сам пред Апелацискиот суд, користејќи „агент со вештачка интелигенција“. Верува дека има околу седум „цврсти правни основи“ за својот случај, а ден од клучните аргументи се однесува на планот на Градскиот совет за затворање на депонијата, кој, како што тврди, не бил покренат во текот на постапката пред Вишиот суд.

Хауел е уверен дека неговиот хард диск е сè уште во депонијата, каде што има  повеќе од 1,4 милиони тони отпад.

ИЗДВОЕНИ