Еден од најуспешните велосипедисти во светот, Данецот Јонас Вингегор, предупреди на сериозни безбедносни проблеми во велосипедизмот. Бројот на несреќи е драстично зголемен, како што може да се види на сите големи трки во 2025 година, каде што е речиси невозможно да се избегнат падови, според „CyclingUpToDate“.

Вингегор, кој е двократен победник на „Тур де Франс“, од прва рака ги искусил опасностите од неговиот спорт кога се повреди на трка во Баскија минатата година. Потоа ја скршил клучната коска и неколку ребра, поради што останал во болница десетина дена.

  • Тоа е многу голем проблем, можев да умрам минатата година, изјави Вингегор за „Nieuwsblad“.

Кога станува збор за одговорноста за таквата ситуација, Вингегор смета дека сите се вклучени, од возачите и организаторите до Меѓународниот сојуз на велосипедисти (UCI). Тој, исто така, ги критикува колегите возачи кои често се однесуваат како да немаат сопирачки, што доведува до непотребни борби за позиции на патеката.

  • Понекогаш ние велосипедистите се бориме за позиции во моменти кога тоа не е потребно. Почитта е изгубена, прокоментира Данецот.

На прашањето дали би ги поттикнал своите деца да се занимаваат со велосипедизам, даде јасен одговор.

  • Ако мојот син или ќерка ме прашаат дали можат да се натпреваруваат во велосипедизам, одговорот е – не, порача Вингегор.

ИЗДВОЕНИ